Согласно одлуките на Владата, викендов на територијата на целата држава се спроведе ограничувањето на движењето кое заврши денес во 05 часот.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, по однос на забраната за движење евидентирано е дека:

На ниво на целата држава 172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Најголемиот дел од нив се на подрачјето на СВР Скопје и се лица на возраст од 18 до 67 години.

Според статистичките податоци 253 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.