Седумдесет и две лица не ја почитувале забраната за движење во изминатиото деноноќие на ниво на цела држава. Приведени се 42 лица, а за другите ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според статистичките податоци на МВР, на 97 лица им се издадени решенија за изолација, а 423 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.