Во полициска акција приведени се три лица поради трговија со наркотични супстанци. Според МВР направен е претрес во нивниот дом, како и во помошни простории, при што била пронајдена поголема количина марихуана.
Денеска (07.11.2021) од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговијасо дрога и оружје при СВР Штип, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани и ОВР Свети Николе лишени се од слобода A.J.(37), И.Н.(34) и И.Д.(36), поради постоење основано сомнение дека се сторители на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
По претходно добиена наредба за претрес на дом и помошни простории, извршен е претрес во неколку објекти на подрачјето на ОВР Свети Николе, при што била пронајдена и одземена поголема количина на марихуана. По насока на Јавен обвинител против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок – велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.