Во полициската акција спроведена во Скопје ноќеска од 23:00 часот до 05:00 утрово санкционирани се 33 возачи кои возеле под дејство на алкохол, а 28 за возење побрзо од дозволеното. На 27 од нив им биле одземени возачките дозволи.
Како што информираат од МВР, откриени се и 48 останати прекршоци, при што се издадени 26 прекршочни платни налози и 22 мандатни платни налози.
Во периодот од 05:00 до 24:00 часот на 21.09.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе и акциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење. Притоа, сторени се вкупно 28 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, за што им се издадени соодветни казни.
Откриени се и 23 останати прекршоци, за кои се издадени 16 прекршочни платни налози и седум мандатни платни налози.
Во периодот од вчера од 22:00 до 05:00 часот утрово Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје со специјално возило „пајак“ подигна 43 погрешно паркирани возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.