Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје пишала вкупно 217 казни.

Меѓу нив, 79 биле за возење повеќе од дозволената брзина, а 11 за возење без возачка дозвола. Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон и 15 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Во истиот период, на подрачјето на СВР Скопје се санкционирани 90 возачи на мотоцикли. Од нив, 42 возачи не користеле заштитна кацига, 26 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.