Полицијата вечерва открила нов случај на криумчарење мигранти близу македонско-грчката граница.

Станува збор за група од повеќе од 60 мигранти пронајдени во камион со скопски регистарски таблички близу селото Миравци. За настанот е известено обвинителството за гонење организиран криминал, кое е надлежно за овие случаи.

Неофицијално, возачот на камионот е од Скопје и против него утре ќе биде поднесена кривична пријава.

Во последните недели зачестија обидите за криумчарење мигранти во земјава, особено откако Турција ја крена рампата за нивен трансфер кон Грција и Бугарија. Сепак, најверојатно станува збор за мигранти кои од порано биле на територијата на Грција, а сега полесно се движат на север затоа што грчките полициски сили се концентрирани на граничната линија со Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.