По спроведена акциска контрола во текот на вчерашниот ден на територија на државата, казнети се 205 возачи кои возеле побрзо од дозволеното.
Како што соопштија од МВР, од вкупниот број на санкции, 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 97 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.