На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 210 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 11 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 81 прекршок, седум за нерегистрирани и технички неисправни возила, 23 санкционирани мотоциклисти, 74 возила подигнати со пајак, а изречени се и 11 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот – соопштија од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.