На 24 април страна на полициски службеници од ЕНТ СКОПЈЕ постапено е по судска наредба и извршен е претрес на дом и други простории кај лицето Р. Б. од Скопје. При претресот во домот биле пронајдени една полиетиленска паковка со амфетамин 4.4 гр, 16 полиетиленски паковања со марихуана со вкупна маса од 486 гр., две дигитални ваги со остатоци од наркотични супстанци
и 20. 500 денари.
Лицето е лишено од слобода и за него е поднесена кривична пријава по итна постапка. Одреден му е 30-дневен куќен притвор.
На 25.04.2020 г.околу 10 часот на ул. во с.Трубарево од страна на УПС забележано е ПМВ Волксваген Пасат со рег.бр.СК 6269АФ такси возило и 2 лица, при што е постапено кон нивно легитимирање. Откако лицата ги забележале полициските службеници, истите влегле во возилото и непочитувајќи го дадениот знак да запрат, со голема брзина се дале во бегство во насока кон рампа Хиподром железничка пруга на ул. Благоја Стефковски, додека полициските службеници тргнале по нивна потера. Истите со намера да избегаат со возилото, преминале во спротивна насока од коловозната лента, престигнувајќи поголема колона со возила кои стоеле во место на спуштена железничка рампа и возилото удрило во крајниот дел од вагонот на возот кој сообраќал на железничката пруга. По што лицето кое седело на совозачкото место излегло од возилото и се дало во бегство, додека возачот е забележан како излегувајќи од возилото од себе отфрла: една една ќеса бела боја и една топка облечена со салотејп трака во кои има сто и дванаесет таблети со розева боја со лого S (Екстази), една кеса во која има илјада и две таблети сива боја со лого BIK (Екстази) , една кеса во која има седумстотини и педесет таблети сива боја со лого BIG ( Екстази), една кеса со бела грутчеста материја околу 80 грама (Амфетамин), една кеса со сива кристална грутчеста материја околу 5 грама. По извршеното легитимирање констатирано е дека се работи за лицето М. Х. роден 1977 Скопје.
По извршениот преглед над возилото од страна на полициски службеници од СВР Скопје ЕНТ во возилото пронајдени се: една кеса околу 800 грама со марихуана и една дигитална вага со остатоци од наркотична дрога. Сите предмети се одземени со потврда за привремено одземени предмети од лицето М. Х. и истиот е лишен од слобода во ПС ОН Гази Баба и против истиот во текот на утрешниот ден 26.04.2020 год. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ на РСМ по брза постапка.
На ден 25.04.2020 година околу 16 часот, по претходно издадена судска наредба за претрес на дом и други простории, извршен е претрес на дом на ул.14/1 бр.2, во кои престојува лицето Д.Д роден 1989 година с.Арачиново Скопје. При претресот во куќата пронајдени се следните предмети: 33 триесет и три поголеми и помали полиетиленски ќеси со кафена прашкаста материја (хероин) со вкупна маса од околу 2.200 грама, 2 две дигитални ваги. Од наша страна предмети се одземени со потврда за привремено одземени предмети од лицето И. Д. татко на осомничениот, бидејќи осомничениот не беше затекнат во својот дом. Од страна на МВРИ за осомничениот Д. Д. е распишан централен распуст и по извршеното вештачење на одземената наркотична дрога ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 до ОЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.