На 27.03.2021 во 20.48 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во семејна куќа на ул.„Народна револуција“ во Куманово, сопственост на Е.Т.(37), при што било констатирано дека не се почитуваат мерките за спречување на ширење на ковид-19.

Во куќата била организирана забава и освен нејзините три ќерки, биле затекнати уште 10 полнолетни и 11 малолетни лица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.