Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против правно лице од Дебар и У.Ј.(23) од Дебар, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 27.06.2021 во 00.30 часот во Дебар, во угостителски објект на ул.„8 Септември“, полициски службеници при извршена контрола затекнале организирана забава со гласна музика и присуство на поголем број на гости во затворениот внатрешен дел на објектот, со што пријавените постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.