Тројца скопјани биле уапсени вчера откако полицијата при извршен преглед кај нив прошла дрога, информира МВР.
-Вчера во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Орце Николов“ го лишиле од слобода Н.Д.(20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Синоќа во 02:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Благоја Стефковски“ ги лишиле од слобода Е.Б.(32) и Д.Ф.(31), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок – велат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.