Полициските сили се на готовс во пресрет на најавениот протест против пресудата во случајот „Монструм“. Родините на осудените убијци за масакрот кај Смилковско Езеро, кои по вторпат добија доживотен затвор, најавија дека ќе се борат за правда со сите можни сили и дека оваа пресуда според нив е „еден вид на војна“.
МВР најави дека ќе бидат преземени и соодветни мерки за заштита на граѓани и имот доколку јавниот ред биде нарушен.
Полицијата се спрема за војна со демонстрантите за Монструм! pic.twitter.com/xlBm0ceNtm
— Charles Boycott (@JohnnyParka) February 26, 2021
Како што вчера беше најавено, протестот ќе започне во парк Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош”, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на бул. „Гоце Делчев”, Собранието на ул. „11-ти Октомври” и Влада на Република Македонија на бул. „Илинден”. Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:
=ул.„Х.Т.Карпош”,ул. „Џон Кенеди”, ул. „Цветан Димов”, бул. „Крсте Мисирков”, бул. „ Гоце Делчев”, ул. ,,11-ти Октомври”, ул. „Васил Главинов”, бул.„ ВМРО”, бул. „Илинден” и други околни сообраќајници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.