Полициски службеници го лишиле од слобода лицето Л.А. од Република Албанија поради основано сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране.

Како што информираат од МВР, едно лице е осомничено и за пожарот во Старо Нагоричане и полициските службеници веќе постапуваат во координација со јавен обвинител.

Во текот на вчерашниот ден, пак, благодарение на брзата интервенција на полициска патрола и на екипа на бригадата за противпожарна заштита Скопје спречен е пожар од поголем размер пред село Блаце кон Катланово, за кој две лица се под сомнение за негово предизвикување и се работи на расчистување и на овој случај, соопшти МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.