Полицијата синоќа спречила рибокрадци во Охридско езеро.
Во периодот од 22.00 часот на 06.11. до 02.00 часот на 07.11.2020, при преземање мерки поврзани со незаконит риболов на Охридското езеро, полициски службеници во водите на Охридското Езеро, спроти „Канео“, на околу 1 км од брегот на езерото, пронашле и одзеле шест риболовни мрежи со уловена охридска пастрмка, сооптуваат од МВР.
Риболовниот алат бил подигнат од водите на езерото и предаден во Полициска станица за Граничен надзор Охридско Езеро, а СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите на кривичното дело „незаконит риболов“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.