Пред неколку дена полицијата соопшти дека уапсила битолчанец под сомнение дека е вмешан во фингирано киднапирање и изнуда. Но, набргу се покажа дека станува збор за промашена „акција“ на МВР, бидејќи уапсениот всушност бил жртвата, неофицијално дознава Нетпрес, од полициски извори.

Приказната на жртвата, за полициските службеници не била веродостојна, па случајот е решен „експресно“, по што следуваше и официјална информација од МВР до медиумите. Но, откако битолското обвинителство ја увидело грешката на „успешната“ полициска акција, вчера се уапсени вистинските грабнувачи, но сега официјално соопштение за пропустот од МВР нема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.