Полицијата во Скопје од 23:00 часот синоќа до 05:00 часот утрово спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
Во акцијата биле казнети 28 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 26 останати прекршоци за кои се издадени седум мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.

На 28.09.2019 година, повеќе од 170 возачи беа казнети на скопските улици поради разни прекршувања на законот.

Во акцијата на полицијата реализирана вчера од шест часот наутро до полноќ, санкционирани се 12 возачи кои ја пречекориле брзината.

Откриени се 46 останати прекршоци за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог. Кај 32 возачи било откриено присуство на алкохол во крвта над дозволените 0.5 промили. Откриени се 13 останати прекршоци за кои се издадени седум мандатни платни налози и шест прекршочни платни налози.

Меѓу другото, санкционирани се и 11 возачи затоа што не давале предимство на минување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.