Во Арачиново и во Ченто изречени се вкупно 148 мерки, во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека за возење без возачка дозвола се изречени 34 мерки, 25 за неисправни и нерегистрирани возила и седум санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли, наведуваат во соопштението, продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.