Полицијата ја пронашла мајката која го остави своето новороденчето во парк до скопската населба Топанско Поле. Таа е малолетна и дала изјава дека не е во можност да се грижи за бебето, а тоа нема друг родител. Во присуство на нејзината мајка која и е законски старател, девојчето било однесено на лекар, објави „Слободен печат“.
Мајката има рок од три месеци да се предомисли, а ако тоа не се случи, бебето ќе биде дадено на посвојување.
Бебето вчера беше пронајдено во парк во Топанско Поле од случаен минувач. Потоа беше пренесено на Клиниката за детски болести каде му е дадена неопходната медицинска грижа и тоа е во добра општа состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.