Лице по кое трагала полицијата за издржување казна затвор не било пронајдено дома, но во помошните простории во неговиот дом, при преглед полицајците пронашле 44 мигранти, информираат од МВР.
Вчера околу 6 и 40 часот полицајци од оделението во Матејче, презеле мерки за пронаоѓање на Ф.Ќ, во неговиот дом во Ваксинце бидејќи имало распишано потерница за негово апсење за издржување казна затврор.
Од полицијата информираат дека лицето по кое се трага не било пронајдено дома, но во помошните простории во неговиот дом, при преглед биле пронајдени 44 лица мигранти (25 од Пакистан, 14 од Авганистан, три од Бангладеш и две од Сомалија. 16 од пронајдените мигранти се малолетни лица.
Бил извршен увид и за настанот бил известен и јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се пренесени во Транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.