Веќе една недела нема ни трага, ни глас од специјалецот Игор Спасов, кој во петокот требало да се врати во затворот „Идризово“, откако му завршил условниот прекинот на казната. МВР ќе трага по него откако Судот во Штип во текот на вчерашниот ден издал наредба за спровод. Известувањето сѐ уште не е пристигнато во МВР, но оттаму посочуваат дека ќе постапат веднаш штом ќе го добијат.
Од Судот во Штип за „Фокус“ појаснуваат дека вчера во 14 часот добиле известување од затворот „Идризово“ дека Спасов не се појавил во затворот откако во петокот му истекол условниот отпуст, даден поради здравствени причини. Засега е нејасно зошто ова известување патувало цели четири дена од Скопје до Штип, бидејќи директорот на „Идризово“ Боби Мојсовски за „Фокус“ појасни дека известувањето го испратил во понеделникот.
Спасовски беше осуден на правосилна казна од 14 години затвор за убиството на Мартин Нешкоски, што се случи на прославата на ВМРО-ДПМНЕ за победата на парламентарните избори. Тој зад решетки беше ставен во јуни 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.