Искрено сожалувам со Антонио Ангелоски кој лани во август ја предизвика сообраќајната несреќа на патот Охрид-Свети Наум. Тој за цел живот е осуден, на совест ќе носи два млади животи и три осакатени девојчиња. Но, судијата Бојан Мартиноски од Охрид, кој е корумпиран, е оној кој придонесува за ова искривено општесвтво, за овие искривени случувања кои постојано ни се повторуваат на сите страни, отворено проговори за „Фактор“, Игор Божиновски, таткото на Сташа, едно од трите девојчињата кое беше тешко повредено во страотната несреќа лани летото.

Божиновски е силно уверен дека пресудата условна казна за Ангелески изречена од судијата Бојан Мартиноски, ќе биде променета од страна на повисоките судски институции.

Во еден момент наеднаш ни се случува Кичеец, ни се случува ова за кое разговараме, ни се случуваат уште четири други случаеви, каде со смртни последици имаме условни казни, казна од 6 месеци затвор и така натаму. Заеднички заклучок е: „најлесно е да се убие човек во сообраќајка. Земете возило, прегазете човек и ќе лежите најмногу 6 месеци. Судијата Бојан е апсолутно корумпиран. Кој здрав, едуциран судија би донел пресуда-условна казна-во случај со ваква тежина. Обвинителство веќе го обжали случајот, уште пред да помине рокот за жалба. Јас контактирав и со обвинителство и со претседателот на охридскиот Суд и дознав дека во последен момент од предвидениот рок, Обвинителството ја поднесе жалбата. Тоа значи дека случајот ќе се врати во Апелација во Битола. Во овој случај би требало да е обжалена само пресудата, и тоа е задоволително, иако целиот процес на судење е многу дискутабилен. Во самата пресуда стои дека вината е споделена меѓу Антонио кој учествувал во трката и Иван Корач, загинатото дете, кое наводно не застанало на знакот СТОП. Но, ниту еден сведок не е донесен, или е изнесен каков било доказ со кој се потврдува дека Иван не застанал на знакот СТОП, иако во вештачењето е потврдено дека тој се движел со брзина од само 20 километри на час, што значи дека тој само што тргнал од знакот СТОП. Затоа, јас сум убеден дека ќе ја променат пресудата, но не сум сигурен дали има начин како би се вратило судењето назад. Истовремено, не гледам ни потреба да се врати целото судење од почеток, доколку се дојде до промена на казната. Колку само за споредба, имаше една мала студија на некој адвокат кој токму овој случај го изнесе. Споредбата е со сосема слични сообраќајни несреќи во Америка, Нов Зеланд, Австралија каде казната е 15, 20, 30 години затвор, па и доживотен затвор, раскажува Божиновски.

Таткото на младата девојка која уште се опоравува од повредите, вели дека пропусти во целиот случај се направени уште на самиот почеток од истрагата.

-Првите сведоци се некои туристи од Белград кои ги сретнав. Тие биле сместени во непосредна близина на несреќата. Се виделе и се слушнале. Прво слушнале како две коли се тркаат, шкрипејќи со гумите, претекнувајќи, се иако во пресудата втората кола воопшто не е спомената како учесник, туку како оштетена. Тие први дошле на настанот, потоа стигнала полицијата, но ги избркале, буквално ги избркале оттаму. Не сакале ниту изјави да им земат, иако самите се понудиле да бидат сведоци, што значи дека полицијата веќе била информирана како да постапува. Ако истражните органи, уште тогаш се врателе само 200 метри наназад ќе утврделе дека има траги од гуми, како се претекнувале двете коли, но тоа не било направено. Ниту биле земени изјави од околните жители и туристи кои биле таму присутни. Има пропусти во тој дел од истрагата. Утврдено е дека Антонио, оној кој ја предизвика сообраќајната несреќа немал алкохол во крвта, 0 промили алкохол. Но, јас ги пронајдов двете деца кои повеќе од 2-3 часа заедно со Антонио седеле во кафуле и пиеле. Тоа се сведоци кои посведочија дека 2-3 часа поминале заедно пиејќи. Но, како сведоци пред судот не излегоа, никој не ги повика. Тие деца јас ги пронајдов. Спремни се за сведочење ако некој ги повика. Случајот е презеден од Обвинителство, но самото вештачење кое се одвиваше, се оддолжи повеќе од една година, со невозможни искази…дека се изгубиле податоците, дискот кој бил испратен од Охрид за Битола не можел да се отвори, разни други причини за да се оддолжи што повеќе. Ниедно вештачење не трае толку долго. Со судијата воопшто не стапивме во контакт, бидејќи до последен момент, очекувавме дека колку-толку правдата ќе биде задоволена, детално раскажува Божиновски.

Целиот разговор на „Фактор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.