Граничните полицајци, кои неколку дена беа заглавени во полициската станица во с. Танушевци поради наноси од снег, денеска се вратени во Скопје, информираат од МВР. Движењето им беше оневозможено бидејќи снегот достигнал до 2,5 метри.
Поради блокираните локални патишта од снегот, десетмината полициски службеници не можеле да ја извршат смената, па затоа останале во објектот на МВР.
Смената е извршена со полициски хеликоптер. Од независниот полициски синдикат вчера соопштија дека проблемот често се појавува и дека навреме не се спроведуваат тендери за расчистување на патиштата кон планинските гранични полициски станици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.