На социјалните мрежи жестоко се дебатира за случајот со исфрлено дете од училиште во Велес поради непримена вакцина.

Овој текст беше објавен на групата „Од нас за нас“

ЧАШАТА Е ПРЕЛЕАНА!

Секојдневно добиваме известувања за проблемите на родителите кои се дискримирани на еден или друг начин, поради непочитувањето на нивното со Устав загаранитирано право.
Чашата е прелеана!
Да се исфрли дете од училиште со полиција, заради непримена вакцина?!!!
Дали детето е криминалец?
Дали директорот пред сѐ е педагог?
Кој е тој да му го ускратува правото на школување на детето?
Дали Вие немате деца?
Има ли ова крај?

Од СВР Велес за „Република“ го изјавија следново:

По пријава на директорот на училиштето „Блаже Конески“ кој забележал невообичаена фрекфенција на возрасни граѓани во околината на училиштето, полициски службеници излегле на лице место бидејќи е тоа нивна должност. Не се преземени никакви активности од страна на полицајците ниту имало контакт со учениците. Во училиштето дошле инспектори по образование и тие разговарале со родителите зошто тоа е нивна надлежност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.