Полициски службеници лишиле од слобода двајца Охриѓани откако во нивниот автомобил била пронајдена дрога, а едниот од нив бил затекнат како конзумира.
Синоќа во 03.40 часот на паркинг во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Д.С.(28) и Д.Т.(29), двајцата од Охрид поради тоа што при преглед на патничко возило „алфа ромео“ со охридски регистарски ознаки, во кое се наоѓале, била пронајдена бела прашката материја, а Д.С. бил затекнат како конзумира дрога, велат од МВР.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.