Полицијата трага по еден од четворицата напаѓачи кој денеска претпладне го повреди полицаецот во Велес, пред цркавата „Св.Спас“ кај градските гробишта. Останатите тројца напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани е вон животна опасност.
Полицаецот Е.М.(46) бил повреден со неговиот службен пиштол кој напаѓачот што е во бегство му го одзел и пукал во него, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Инцидентот се случил додека полициски службеници преземале службени дејствија и биле физички нападнати од четирите лица. Повредениот Е.М. бил префрлен во велешката Општа болница, каде му била укажана медицинска помош.
Д-р Тодор Јаковлевски соопшти дека имал четири прострелни рани во абдомен и една во колено. Бил свесен и вон животна опасност, но поради сериозноста на повредите е препратен на понатамошно лекување во Хирушките клиники во Скопје. а
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.