Пронајдено е телото на 51 годишниот (Т.С) од Делчево, кој во четвртокот (10 јуни 2021) заминал на риболов кај месноста „Улив” во атарот на село Илиово, а вчера утрото беше пријавен за исчезнат и по него се вршеше интензивна потрага.
51 годишниот делчевец, инаку полициски службеник, вчера доцна попладнето бил пронајден кај спомената локација, заглавен во неговото возило во водите на река Брегалница.
![]()
Телото на сега веќе починатиот било извадено од реката синоќа околу 23:00 часот, а подоцна од водите било извадено и возилото „застава 101“, потврдија од полицијата за МИА.
На местото на настанот излегол и Јавен обвинител, а телото на починатиот потоа е предадено на обдукција.
Деталите за несреќата засега не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.