На 06.07.2019 година во 01,00 часот во просториите на СВР-Штип, Б.С.(44) од Штип,полициски службеник, пријавил дека На 05.06.2019 година околу 23,00 часот додека Б.С. извршувал работни задачи во Полициска станица Штип, слушнал кршење на стакло, по што во Полициската станица го затекнал Р.Ч. со нож кој што се заканувал дека ќе си го одземе животот.

По интервенција на Б.С. лицето е совладано но при интервенцијата истото се самоповредува во пределот на левата рака. На лицето му е дадена лекарска помош од итната медицинска помош. По извршената проверка утврдено е дека Р.Ч. се наоѓал во алкохолизирана состојба и истиот е приведен во Полициска станица Штип. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.