Полициски службеник е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи вчера наутро во 8.35 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл сопственост на МВР и патничко моторно возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(37) од Скопје. Во незгодата, полицискиот службеник-мотоциклист се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.