Полициски службеник од Полициската станица Ѓорче Петров е повреден, откако додека го проверувал службениот пиштол испукал еден куршум при што се повредил во пределот на левата надколеница.
Како што соопшти МВР, инцидентот се случил синоќа околу 21,30 часот во неговиот дом на ул.„Франц Прешерн“ во Скопје.
Полицаецот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.