Полициски службеници на СВР Тетово – Полициска станица Гостивар, вчера во околу 13 часот го лишиле од слобода 50 – годишниот А.Б. од долнореканското село Јанче, полициски службеник во Полициската станица за граничен премин и гранична надзор Стрезимир, поради сомнение дека ја злоупотребил службената должност.
Според пријавеното, во саботата околу 16 часот и 20 минути, на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, А.Б. запрел патничко возило „Киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н. (61) и за наводен сообраќаен прекршок му одзел 20 евра.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.