Полициски службеник е меѓу групата приведени синоќа во 21,40 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар.

Како што соопшти МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишени од слобода биле Е.В.(29), М.К.(20), Л.Б.(24) сите од Скопје и М.К.(25), полициски службеник од Скопје.

При извршениот преглед врз патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.К. пронајдено било огнено оружје–непозната марка, со рамка и осум куршуми како и кеса со остатоци од прашкаста материја. Известен бил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.