Полицаец добил кривична пријава и против него е отворена дисциплинска постапка, затоа што увезол автомобил од сранство, по што не го регистрирал туку го возиел со фалсификувани документи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во содејство со полициски службеници од СВР Скопје го приведе полицискиот службеник М.С. поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривични дела „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „давање лажен исказ“.

 

Имено, откако набавил возило од странство без да ги подмири давачките за увоз на возилото, прикачил регистерски таблички кои претходно ги одјавил со дадена писмена изјава дека му се украдени и таквото возило подолго време го управувал во сообраќај нерегистрирано – соопштуваат од МВР.

По документирање на случајот до скопското обвинителство е поднесена кривична пријава против полицискиот службеник и тој е суспендиран, а поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.