Полицаец во село Крани, Ресенско, забележал паркирано возило во близина на црквата „Света Богородица“, во центарот на селото, а малку подоцна забележал две лица како се префрлаат преку оградата на црквата и како Г.Т. и Т.Н. од Битола се упатуваат кон возилото.

Полицискиот службеник неколку пати дал наредба да застанат, по што Т.Н. со остар предмет се обидел да го нападне, но бил совладан од полицискиот службеник, а предметот бил одземен.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.