Гостиварец останал без своето возило поради тоа што го возел со истечена регистрација повеќе од шест месеци.

Ваквата постапка на тетовската полиција е изведена согласно измените и дополнувањата во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Покрај одземеното возило приведен е и возачот бидејќи немал лични документи.

Вчера околу 11 часот, во тетовски Челопек, полициски службеници на СВР Tетово го привеле О.А. 29-годишен од Гостивар. Тој непоседувал документи за идентификација и управувал патничко моторно возило „фиат уно“ со гостиварски регистарски ознаки, а кое било со истечена регистрација повеќе од 6 месеци. Возилото времено му е одземено – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од крајот на декември кога е почната примената на новите измените, досега се одземено 15 возила поради истечена регистрација повеќе од 6 месеци. Возилата се одземаат на 90 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.