Три лица денеска починаа на различни локации во Скопје. Од скопската полиција за „Телма“ потврдија дека на скопскиот кеј покрај Вардар утрово околу 9:50 човек што трчал на патеката се струполил и паднал. Повикана е итна помош и полиција, но откако е констатирана смрт на човекот отворена е истражна постапка. Полицијата на лице место не можела да го утврди идентитетот и возраста на починатиот.
Во затворот Скопје во Шутка, рано утрово околу 4:10 во келија е најден починат 47-годишен притвореник од Ресен. Веднаш е известена полицијата, а телото на притвореникот е предадено на обдукција.
На пазарчето во Чаир претпладнево постар човек починал по што е повикана полиција и итна помош. Телото е предадено на семејството.
Ниту еден од тројцата починати засега не се поврзаува со заболување од Ковид-19, а на телата на починатите според првичните прегледи немало знаци на насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.