Македонија има ТРИ противпожарни авиони, а само двајца активни пилоти кои летаат со нив. Двајца! Ризикуваат живот речиси за ич пари. Државата, од кога постои нема никаква стратегија за овој сегмент, а и за многу други. Имаше некој инерцијален момент со финансирање на аероклубовите во првите 7-8 години од постоењето на напатенава држава, ама таа инерција беше од стратегијата на СФРЈ. Денеска за пилоти се обучуваат само оние кои имаат пари за тоа, и нормално со идеа дека би работеле во авио компании, а не за војска, полиција или спасителни единици! Кога државата би финансирала аеро клубови би имала потенцијален кадар на располагање и за војска и за полиција, за спасителни единици…. Ама јок! Катастрофа бевме и сме по прашање на национална стратегија… Обуката на пилоти и падобранци ќе се врати многукртатно во земјава, ама кому да му објасниш? Секоја чест на нервите и ентузијазмот  Васко Михалчев и Димитар Секулов, ова е само дел од коментарите на социјалните мрежи по херојскиот потфат за гаснење на пожарот во Ораовец.

Погледнете како се гаснеше пожарот кај село Ораовец. 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.