Секторот за внатрешни работи Скопје денеска поднесе кривична пријава против едно лице од Гевгелија поради непочитување на мерките за заштита на населението од заразни болести на протестот организиран во неделата на 25 април пред Владата и Собранието.
Во соопштението од МВР се наведува дека СВР Скопје до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава по чл. 206 од КЗ против Т.П. (61) од Гевгелија, бидејќи на 25 април организирал протест пред објектите на Владата и Собранието и не се почитувани мерките за заштита на населението од заразни болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.