Денеска пред Судот почнува излагањето на завршните зборови за случајот за нередите пред општина Центар со што судењето влегува во завршната фаза.

Прво своите завршни аргументи пред Судот ќе ги изнесе Обвинителот, а потоа ќе слудува одбраната на обвинетите.

Тие и на вчерашното рочиште, изјавија дека во овој случај треба да има ослободителна пресуда бидејќи низ досегашните рочишта не се докажала никаква вина на обвинетите, односно ниту тие биле организатори, ниту, пак, партијата ВМРО-ДПМНЕ стоела зад протестите.

Според казнена и редовна судска постапка не би требало да има ништо повеќе од условни казни во предметот. Но, моментот за политички реваншизам, на некакво покажување на моќ и сила, може да доведе до поинаква одлука. Не исклучувам ниту една можност, затоа што ако зборуваме за реални услови и докази, поголемиот дел од обвинетите треба да добијат ослободителна, а не воопшто да зборуваме за вид и висина на казна – изјави вчера адвокатото на Миле Јанакиески, Еленко Миланов.

Тој прави споредба со предметите кои се водеа изминатите неколку години како демолирањето на канцеларијата на претседателот на државата, напад на полицаец пред Влада, кршење на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, нереди пред Собранието, кои завршија или со ослободителни пресуди или, пак, со повлекување на обвиненијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.