Почнува истрагата за авионската несреќа што се случи кај Солунска Глава.

Се формира специјална комисија во која ќе учествуваат домашни и странски експерти.

Истражителот Зоран Илиевски рече дека авионот не поседувал црна кутија и дека сите информации ќе ги чекаат од метеоролошката служба на аеродормот во Охрид, извештаите од германскиот производител на авионот и од бугарската служба. Со првични информации ќе излезат за 30 дена вели Илиевски.

Шпекулациите што излегоа во бугарските медиуми дека пилотот немал дозвола за слетување Илиевски појасни дека досега не се случило пилот да биде одбиен кога побарал принудно слетување.

Според Илиевски она што е досега познато е дека бугарскиот пилот тргнал од Охрид со крајна дестинација во Софија, но во меѓувреме од турбуленциите што ги имал одлучил да слета во скопскиот аеродром. Меѓутоам некаде над прилепско се предомислил и најавил дека ќе продолжи за Софија и оттаму му се губи трагот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.