Во Кривичниот суд во Скопје почна рочиштето на коешто ќе бидат објавени пресудите за случувањата во Собранието од 27 април. Пресуди ќе има за 17, од првично 33 обвинети.
Случајот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.