Ноќеска околу 01 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека на локалниот пат с. Петровец кон с. Дрма, кај патоказните табли за влез во општина Петровец, имало паркирано патничко возило „дачија“, со скопски регистарски ознаки, и во него имало лице кое не било при свест.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство и било утврдено дека се работи за лицето Д.Л. (64) од Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.