Во Полициска станица Гази Баба од Итната медициска помош вчера било пријавено дека во куќа на ул.„Зендел Џемаил“ има починато бебе. Извршен е увид на местото на настанот од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба, при што било констатирано дека станува збор за починато двомесечно бебе, од малолетна мајка од Скопје.
Од лекар од Итна медициска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на бебето е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.