С.Т. од село Војница вчера во СВР Велес пријавил дека во трло во негова сопственост на местото викано Клетовник го пронашол без знаци на живот Љ.П. (64) од село Забрчани, кој работел кај него како овчар.

Доктор од итна медицинска помош констатирал смрт без траги од насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина-Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.