На граничниот премин Делчево на влез во Република Македонија синоќа со патничко моторно возило „мини купер“ со бугарски таблички се пријавил Д.А. (32) од Злетово, кој го управувал возилото, а како совозач било 18-годишно лице од Пробиштип. Извршен е преглед над лицата и на нивниот личен багаж, при што кај Д.А. била пронајденa кесичка со непозната прашкаста материја.
Додека траела постапката спроведена од страна на царинските службеници, во еден момент Д.А. ја земал кесата, ја скинал најлонската фолија и ја голтнал непознатата материја. Веднаш била повикана екипа на Итна медицинска помош и Д.А. бил префрлен во здравствениот дом Делчево, каде што околу 22,00 часот починал.
Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.