Жената која вчера во 18.00 часот беше прегазена на ул.„Методија Шаторов – Шарло“ во Скопје, поточно пред ресторанот „Еквилибриум“ во Аеродром, синоќа им подлегна на повредите.
Како што соопшти МВР, патничко возило „тојота корола версо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(22) од Скопје, вчера удрило во пешакот Ц.М.(74) од Скопје. Во незгодата, со Ц.М. се здобила со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде на 23.12.2019 во 00.05 часот починала.
Известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.