Педесет и четиригодишен скопјанец загина со велосипед, откако во него удрил автомобил денеска околу 10:30 часот на булеварот Кочо Рацин во Скопје.

Според информациите од МВР, автомобилот го управувал 20-годишен жител на скопско Батинци.

По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.