Доцна синоќа на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје почина родилка од Охрид. Претходно почина нејзиното новородено бебе.
Родилката (34) била од Охрид и со возило на Брза помош била испратена за Скопје. Имала висока температура и компликации и поради тоа од охридската болница веднаш била испратена на ГАК во Скопје. Како што пишува порталот „Охриднет“ родилката имала тешка инфекција и кога пристигнала во болница бебето и било мртво.
Вчера на ГАК во осмиот месец од бременоста со царски рез била породена 27- годишна жена од Куманово. Таа немала симптоми на Ковид-19, но бидејќи доаѓала од општина во која има заболени со коронавирус, ѝ бил направен тест кој бил позитивен, потврдија за „Република“ од Клиниката.
До вчера во Куманово беа регистиррани 47 заразени од коронавирус.
Од ГАК велат дека во случајот со родилката од Куманово персоналот ги презел сите потребни мерки според протоколот за заштита од корона вирусот. Пациентката била внесена преку посебен влез и породена во изолирана сала, за да се заштитат сите останати пациентки. По породувањето мајката била префрлена на Инфективната клиника, а бебето кое било задржано на ГАК, ќе биде тестирано за да се види дали е заразено со коронавирус од мајката. Од Клиниката велат дека и мајката и бебето засега се во стабилна состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.