Модната сцена во Македонија деновиве е во тага поради смртта на младиот манекен Филип Алексовски, долгогодишен член на модната агенција „Моделс Ин“.

Веста за заминувањето на ова момче кое имаше впечатлив изглед и талент и кое градеше успешна кариера во ова поле, предизвика тага кај сите оние што го познаваа и имаа можност да соработуваат со него, пренесува „Фешнел“.

Филип Алексовски е роден на 1 октомври 1993 година во Скопје, а со манекенкство почнал да се занимава во 2008 година кога се појавил на кастинг во модната агенција Моделс Ин.

Два пати беше заштитно лице на модниот бренд Румор, се појави во кампањи за Bistisani, Sheezick na Reezick, Nike, реклами за Apple Bandit и Pepsi, фотосесии за Fashionel.mk, модни ревии за Кокев, Made in Macedonia, FSWK, Ристо Бимбиловски, Јован Петровски… Последната ревија му беше во јуни на настан на Британската амбасада, кога носеше модел на реномираниот дизајнер Никола Ефтимов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.