Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во болницата „8 Септември”, на 64 годишна возраст, починал Арификмет Деари, уролог од Тетово. Докторот, како што наведува министерот, бил хоспитализиран заради невролошки проблеми, но бил и позитивен на Ковид-19.

Доктор Деари, кој беше само на неколку месеци до пензионирањето, е првиот лекар кој почина од компликации на коронавирусот. Изразувам жалење и длабоко сочуство до неговото семејство. Апелирам до моите колеги здравствените работници да се чуваат и заштитуваат, на работното место соодветно на протоколите, но и надвор од него. Апелирам и до граѓаните да ги почитуваат мерките, да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани, напиша Филипче на Фејсбук.

Вкупно починати од ковид-19 во земјава досега се 334 пациенти. Според вчерашните бројки, ковид дијагностицирани се 6.932, од кои оздравени се 2.987, а  3.611 се активни случаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.